Хрватската фудбалска јавност по синоќешната елиминација од ЕУРО 2016 од страна на Португалија доби уште една лоша вест.
Капитенот на оваа репрезентација Дарио Срна синоќа го одигра последниот натпревар за Хрватска.
Дарио од дебитирањето во националниот тим во 2002 година одиграл 134 натпревари и дал 22 голови, а самиот кажал дека ЕУРО 2016 за него е повеќе од обичен турнир каде после првиот натпревар против Турција го загуби татко му.
Синоќа, како и претходните натпревари Срна, видно емотивен, за време на интонацијата на хрватската химна пак лееше солзи во натпреварот и турнирот кој што беше последна шанса за негов репрезентативен успех.