Жешкиот август донесува и жешки заплети, барем за некои од знаковите на Зодијакот!
Ако се верува во хороскопот и ѕвездите, за поединци, овој месец на планот на љубовта ќе биде навистина бурен – ги чекаат тешки одлуки и пресврти.
Никогаш не е лесно да се одлучите дали старата љубов да ја исфрлите од вашите животи, но сега ќе морате да пресечете!
ЛАВ
Лавовите ќе можат да бираат ова лето – на нивните врати ќе тропнат неколку добри прилики… Венера е во Лав, а се знае што значи тоа – повеќе шарм, повеќе харизма, повеќе љубов! Дамите особено ќе бидат магнет за мажите! Затоа ни бившите партнери нема да останат имуни на вас. Меѓутоа, два пати размислете пред некому да дадете втора шанса, ѕвездите ве советуваат се добро да изанализирате. Можеби е подобро да запловите во нешто непознато и неиспробано.
ВАГА
Ако сте слободни и не сте во долга и стабилна врска, очекувајте скоро па сигурно враќање на некоја стара љубов. Со оглед дека вам ви недостига љубов, можно е да се обидете повторно, дури и ако не сте екстремно “загреани” за таа личност. Од 9 септември имате добри аспекти на емотивно поле, па е сигурно дека вашата одлука ќе биде добра.
СТРЕЛЕЦ
Веруваме дека зад вас е неколку стресни месеци на поле на љубовта, но конечно дојде подобро време. На почетокот на август Марс влезе во вашиот знак, а тоа значи само едно – извинување од личноста која неодамна ве повредила на љубовен план. Со извинувањето воглавно се бара и втора шанса, но никому не простувајте доколку максимално не се потруди. Старата љубов има шанси одново за сјае, но само ако двете страни се спремни на компромиси.