Почитувани,
Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство и чест на сите грагани и верници, да им ги честитам новогодишните и Божиќните празници.
Посакувам оваа година да продолжиме да го градиме градот Прилеп и Република Македонија според највисоките европски вредности, критериуми и стандарди. Да ги споделиме добрите мисли и надежи со болните, со немоќните и со сите оние на кои им е потребна нашата помош и поддршка. Да ја негуваме нашата традиција на соживот и почитување.
Најискрено, Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секое семејство.
Среќна Нова Година и Божиќни празници!