Среќна вест за возачите: Во понеделник големо намалување на цената на горивата?

Цената на суровата нафта е во слободен пад.

Тоа за возачите во Македонија се одлични вести. За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што гарантира големо, можеби и историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија -пишува порталот “Пресс24”.

За очекување е секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар, доколку Регулаторната комисија за енергетика се држи до пресметките.

Поевтинување имаше и пред 2 недели и тоа од 3 до 4,5 денари по литар во зависност од горивата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.