Најголемата компанија за производство на леб и бели пецива во регионот, Жито Прилеп АД годинава произведе рекорден број буреци по повод верскиот празник Василица. Статистичките податоци, но и интересот на потрошувачите покажуваат тренд на постојано зголемување на побарувачката на буреци за Василица од година во година.
-Прилепчани максимално ја почитуваат традицијата на вртење бурек со паричка на Василица. Тоа го покажа рекордниот број буреци кои годинава беа направени во производствените капацитети на Жито Прилеп АД. Неколку дена пред празникот работевме неуморно и посветено, со цел да има бурек или вртена кора за секое семејство во Прилеп. Во таа насока, постојано се трудиме да ги задоволиме потребите на потрошувачите, тука работејќи не само на квантитетот, туку и на постојано унапредување на квалитетот на нашите производи кои се произведуваат според врвни стандарди и технологии од внимателно избрани квалитетни суровини за производство и се секогаш свежо печени и вкусни. Бројните лојални потрошувачи претставуваат дополнителна мотивација за компанијата континуирано да работи на унапредување на квалитетот на целокупното производство и проширување на палетата производи според желбите и потребите на потрошувачите – рече Николас Атанасоски сопственик на компанијата.
Мартин Ристески е среќникот кој ја пронајде паричката во бурекот од Жито Прилеп. Девојката го купи бурекот, а јас ја пронајдов среќната паричка – вели Мартин. Пресреќни сме. Знаевме дека секоја година Жито Прилеп доделува подароци за најсреќниот во градот, ама не ни се веруваше дека токму ние ќе бидеме најсреќни. Јас бев среќникот, додаде Мартин, ама во подароците ќе уживаме заедно со мојата девојка.
-Како големи вреници и почитувачи на македонската традиција, вели Атанасоски, и годинава по повод празникот Василица за најсреќниот пронаоѓач на паричката следува златник, 40 инчен флет телевизор и пакет производи од компанијата. Годинава среќата му беше наклонета на Мартин Ристески. Особено сме горди што младите луѓе како Мартин се наши лојални потрошувачи и токму затоа посветуваме огромно внимание на унапредување на нашето производство. Иднината е во рацете на младите луѓе и затоа имаме слух за нивните потреби желби, додаде Атанасоски.