Добиваме информации од страна на нашите соученици и родители дека ни е намалено поведението затоа што бojкотиравме, информираат од Средношколски глас.
Еве што истакнаа тие:
-Стоиме позади вас и нашите родители како Средношколски глас! Стоиме на располагање за сите кои сакаат јавно да го споделат проблемот! Ова е срамно и за секаква осуда! Ние нема да преќутиме! Заедно со нашите родители ќе се бориме до крај!
Министерке, уште еднаш покажавте дека вашата фин(ск)а страна е совршена само кога ќе се упалат камерите и ќе се пуштат микрофоните!