Maркукуле дознава дека попладнево околу 13 часот, засега непознато лице, откако се паркирал со своето возило на паркингот позади општинската зграда во Прилеп, го претепал паркинг редарот, вработен во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.
Лицето чиј идентитен полицијата ќе треба да го утврди, најпрво со своето возило се паркирал, а откако од лицето задолжено за наплата му било побарано уредно да плати, го нападнал со боксови и клоци, по што со своето возило побегнал во непознат правец.
Вработениот во ЈП за ПУП од ударите се здобил со повреди по лицето и телото, при што со возило на брзата помош бил однесен за укажување лекарска помош во прилепската болница.
Полицијата извршила увид на лице место и разговарале со очевидци.