Средба Николоски – Палминтери: Пријателските односи меѓу Македонија и Италија се потврдени, потребно е унапредување на економската соработка

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.

На средбата вицепремиерот Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.

Исто така на средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и ја потеницра потребата од унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.

Тој го запозна Амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.

Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.