Средбата со Бајден нов ветар во грб и државнички потег на македонскиот премиер- зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и САД

Државнички потег на македонскиот премиер и нов ветар во грб. Вака експертската јавност ја оценува посетата на премиерот Никола Груевски на САД и средбата со американскиот претседател Џо Бајден на која  се зборувало за повеќе теми, меѓу кои и политичкиот дијалог, реформите, економијата и економската соработка, како и за членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

 

gruevski-bajden9-640x386

САД даваат поддршка на целосно спроведување на договорот од Пржино и превзементе обврски од истиот. Главна обврска од пржинскиот договор е спроведување на избори на 24-ти април, со кои би се ставил конечен крај на политичката криза предизвикана од опозицијата.

-Посетата на Груевски на Вашингтон покажа дека тој останува главен играч на македонската полтичка сцена. Разговорите сигурно не биле лесни бидејќи знаеме дека инволвираноста на Вашингтон во нашите внатрешни работи е висока. Меѓутоа самиот факт дека посетата се случи дава надеж дека работите ќе се одвиваат позитивно и дека избори ќе има. Сепак останува прашањето дали останува април или ќе има некое одложување што би било лошо, бидејќи опозицијата очигледно работи со сите сили април да биде прескокнат. Ако до тоа дојде ќе биде лошо за земјата затоа што интерес за сите е оваа криза што побрзо да биде надмината, вели вели за КУРИР долгогодишниот дипломат и политички аналитичар, Ристо Никовски.

risto-nikovski

Американските медиуми пренесуваат дека потпретседателот на САД, Џо Бајден остварил средба со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

– Бајден и Груевски се согласија дека понатамошната имплементацијата на договорот од Пржино е многу важна, како и преземањето на чекори кои ќе обезбедат кредибилни избори. Потпретседателот Бајден ја истакна поддршката која и понатаму САД ќе ја дава за Евро-Атланската интеграција на Македонија, пренесуваат американските медиуми.

Премиерот Груевски во синоќешната изјава средбата ја оцени како одлична и пријателска на која се разговарало за повеќе теми.

-Со Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период, изјави Груевски по средбата.

gruevski-bajden4

Груевски нагласи дека зборувале за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економската соработка, за безбедносните предизвици, но и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија.

САД го идокажуваат своето пријателство кон Македонија истакнувајќи ја поддршката за евроатлантските интеграции. Груевски потенцираше дека и во иднина ќе продолжи соработката со САД, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и како што рече, нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нашата земја во иднина.

Според експертската јавност, посетата во САД е во фунција на зајкнување на пријателството и интензивирање на односите меѓу двете земји.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.