Во Србија досега се уапсени 79 лица меѓу кои и еден поранешен министер и двајца помошници министреи, директори на јавни претпријатија, бизнисмени, а штетата изнесува повеќе од 100 милиони евра. За ова денес информираше министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ.
Меѓу уапсените е и еден поранешен министер, двајца некогашни помошници министри, повеќе претседатели на општини, директори на јавни претпријатија, бизнисмени, рече Стефановиќ, пренесува „Танјуг“.
Тој на пресконференцијата информира дека истрагите биле водени од 2004-тата година до денес и дека акцијата продолжува и дека никој нема да биде поштеден.
Како што потенцира, сеуште се трага по пет лица, а досега уапсените се товарат за корупција во 20 различни случаи. Најголемиот дел од работата бил завршен во последната година, а најголемите злоупотреби се поврзани со малверзација на градежно земјиште.