Од денес во Србија започна да важи општиот повик за упис во воена евиденција, додека од мај центрите на Министерството за одбрана ќе започнат со упатување на поединечни повици на сите кои не се пријавиле.
Министерството за одбрана на Србија објави општ повик за запишување во воена евиденција на сите граѓани кои наполниле 18 години. Оваа законска обврска мора да се исполни, а оние кои од одредени причини не се внесени во воената евиденција, центрите на Министерството ќе му испратат поединечни повици.
Ф.Г.