Eвроазиската економска унија ја сочинуваат Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, а Молдавија има статус на набљудувач.
Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ денеска во Москва треба да го потпише Договорот за слободна трговија со Евроазиската унија и нејзините држави членки.
Целта на оваа унија е соработка насочена кон заеднички интереси во економијата.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев на почетокот од октомври го одобри нацртот на договорот за слободна трговија помеѓу Евроазиската унија и Србија.
Министерството за трговија на Србија соопшти дека со договорот за слободна трговија ќе се овозможи околу 95,5 проценти од српските производи да се извезуваат во Евроазиската унија без царини.
Минатата година трговската размена меѓу Србија и државите од Евроазиската унија изнесувала 3,4 милијарди американски долари.