Србите ќе исчезнат, доколку немаат трето дете

Во Србија до 2050 година ќе живеат милион ипол жители помалку од сега! Ова го покажа истражувањето на Обединетите нации, кое Србите ги вбројува на листа на земји со катастрофална демографска проекција. Народот забрзано ни старее, умираат градови и села, деца се раѓаат се помалку и помалку.

deca

Дека бројот на постарите лица од 65 години го надмина вкупниот број на деца помлади од 14 години, за прв пат покажа пописот од 2002 година. Резултатите од пописот од 2011 година се уште по поразителни, бидејќи покажуваат дека децата се само 14 отсто од популацијата во Србија, пишува Сител.

А, пред само половина век во Србија, без Косово и Метохија, деца имало речиси три до четири пати повеќе од стари лица. Според пописот од 1950 година, ние сме биле 5,9 милиони, а се проценува дека исто толку ќе бидеме и до 2050. Како цел век без раѓања!

– Недоволното раѓање, за проста репродукција, во Србија почна од средината на 20 век – вели мр. Иван Маринковиќ од Центарот за демографски истражувања при Институтот за општествени науки во Белград.

– Тоа практично значи, дека ниту една генерација на жени родени по Првата светска војна не родиле доволен број на деца за проста репродукција. Во општеството тоа помалку се гледало бидејќи била млада старосната структура на населението.

Опстанок

Шанса за нешто да се поправи и демографската слика на Србија денес да не биде ваква, според зборовите на нашиот соговорник, постоела во втората половина на 50-тите години. И во тие години, вели, недоволно се раѓало, а последиците се покажале во 1992 година, кога во Србија за прв пат е забележан негативен природен прираст, пишува Сител.

– Од тогаш негативниот природен прираст во нашата земја е константен, а единствено што се менува е тоа што од година во година е се по изразен – потенцира Маринковиќ.

– Прво бројот на умрените бил 30.000 поголем од бројот на новородените. Сега е околу 35.000, а се очекува и разлика од 40.000. Значи за една деценија ќе бидеме околу 400.000 помалку. Ако на тоа го додадеме и неспорниот факт дека од Србија секоја година се иселуваат над 5.000 млади, тогаш не е чудно што според истражувањето на ОН се најдовме на листа на земји со катастрофална демографска проекција.

Како што вели нашиот соговорник, ни иднината не ни изгледа светла, а шансите да се подмладиме се минимални.

– Поради нераѓање во Србија секоја година исчезнува место со големина на Ќуприја – вели Маринковиќ. – За прост опстанок на една нација потребни се барем две деца во секое семејство, а кај нас во домаќинствата се раѓаат 1,4 деца. Ако раѓањето ни остане на ова ниво, дури и кога годишно околу 30.000 би имигрирале во Србија, повторно односот на старите и младите до 2050 година дупло ќе се влоши. Дури ако до 2020 година се зголеми нивото на раѓање и годишни ни стигнуваат околу 50.000 странци, кон средината на овој век би имале околу 15 отсто шанси да го спречиме стареењето на нацијата.

Партнери

Демографите потенцираат дека сега сме невитална стара нација, која според процентот на пензионерите е прва во Европа. Додаваат и дека на одлуката за раѓање не влијае многу ни (не)сугурната работа, што често служи како оправдание на многу парови. Во Србија, како и во целиот медитерански појас, според зборовите на демографите, виновници за падот на наталитетот треба да се бараат во многубројните културолошки и психолошки фактори, оттуѓеноста, проблемите околу наоѓање на соодветен партнер, нестабилните емотивни врски.

Може да се направи идеален модел на раѓање и имиграциите кои сигурно би го спречиле процесот на стареење во Србија, но тоа не е реално – вели Маринковиќ.

– Според тој модел, во текот на наредните децении, секој пар би требало да има четири или пет деца. Освен тоа, моделот подразбира и многу странци кои би дошле да живеат во Србија. Меѓутоа, во тоа тешко може да се верува додека не станеме побогата и стопански силна земја.

Критично и во регионот

Според податоците на ОН, во Србија од Суботица до Шар планина живеат 8,8 милиони жители. Негативниот демографски тренд, според оваа проекција на ОН, ќе доведе до драстично намалување на популацијата. За 35 години, Србија ќе има 17,2 отсто помалку граѓани.

Меѓу 10 земји во кои бројот на жителите исто така драстично ќе се намали, освен Србија се наоѓаат уште и Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Романија, Украина, Јапонија, Летонија и Литванија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.