Ширум цела Србија денеска се одржаа протести поради поскапувањето на горивата. На мостовите и раскрсниците настанал целосен колапс во повеќе градови.
Незадоволни поради поскапувањето на горивата возачите денеска во речиси сите градови и поголемите населени места од 17-18 часот, ги запреа возилата во знак на протест.
Најлошо било во Белград каде било целосно блокирано.
Од почетокот на годината цената на горивата пораснала за дури 8,79 динари по литар, односно за 11,30 динари за литар дизел.
Бензинот од 95 октани сега чини 152,02 динари по литар, еуродизелот 161,71, додека одредени горива достигнуваат и цена од 167 динари.