Србин и Хрват во нападот: Италијанскиот гигант има пеколен план за наредната сезона

Одличниот напаѓач на Фиорентина, српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, е голема желба на Милан, пренесува угледниот “Скај спорт”.

Новиот менаџер Ралф Рагник смета дека српскиот фудбалер и Хрватот Анте Ребиќ, би биле неверојатен тандем во нападот на италијанскиот великан. Тој смета дека овој талентиран голгетер е компатибилен и дека нивната соработка би била на врвно ниво.

Влаховиќ оваа година игра одлично. 20-годишниот напаѓач оваа сезона постигна неколку важни погодоци и прикажа голем број на квалитетни партии.

Покрај Влаховиќ, Милан ќе се обиде да го ангажира и везниот играќ на Бреша, Тенолија, како и одличниот стопер на Селтик, Кристофер Ајер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.