Родители чии деца посетуваат настава по физичко образование и одржуваат тренинзи во спортската сала на економското училиште “Кузман Јосифоски-Питу”, деновиве преку нашиот портал реагираа на условите со осветлувањето во овој спортски објект.
Тие велат дека во спортската сала има само 30% видливост, што може да претставува проблем за здравјето на децата. Велат дека реагирале до училишните служби и се’ уште чекале да се регулира осветлувањето во објектот, а нивните деца да имаат соодветни услови за тренинг и развој.
И покрај апелите, родителите велат дека условите се’ уште не се променети, а децата и понатаму вежбаат и тренираат во мрачни услови.