Срамно: Двојните аршини на функционерите – за нив покачување веднаш, за државните службеници собраниско толкување

Не за пет, туку за две години покачување на платите во администрацијата – Ова е новото решение кое Владата ќе го стави на маса пред синдикатите на следниот социјален совет , идниот четврток, два дена по крајниот рок кој го дадоа од УЈП пред да стапат во штрајк . На прашањето зошто фунцкионерите добија покачување веднаш, а вработените во УЈП и Царина треба да чекаат, Битиќи топката ја префрли во Собрание. Ако Парламентот потврдел дека УЈП и Царина треба да добијат покачување како другите вработени во финансии немал никаков проблем тоа да се гласало на Влада – oбјави “АЛФА ТВ”

-Ние понудивме период од 5 години, сега го кратиме на две и пол гоини . Они нека го видат предлогот , и тоа се делови од новиот предлог . За да нема превирања , ќе ги повикаме медиумите . Ние сме овде да најдеме системско решение, сите вработени да знаат на што сме . Тој модел ќе осигура покачување , рече Битиќи.

Дали граѓаните ќе останат без плата, буџетот без даноци, а граничните премини со спуштени рампи ? Министерот за финансии не бил официјално известен дека се подготвува штрајк во царина и УЈП, тој тврди дека и да имало штрајк ќе имало плати за граѓаните, а границите ќе биле отворени . Тој како и Премиерот смета дека требало да има ветинг за сите вработени во јавната администрација.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.