Не, не се малите пони коњчиња, ова се големи коњи кои се редовна појава во најубавите и најголем парк во Прилеп, “Паркот на револуцијата”, или “Могила на непобедените”.
За жал, стотиците посетители кои секојдневно доаѓаат во паркот наидуваат на ваква слика додека одмараат и се рекреираат.
Во 21 век коњи ни пасат по парковите.
Од друга страна ако се земе дека дизелот и бензинот за косилките е рекорно поскапен, тогаш ваквите бесплатни косилки добро се вклопуваат.