Спортските херои од Прилеп: Џудо клуб “Бушидо” со 17 медали од Меѓународниот турнир во Србија

Џудо клубот “Бушидо” по втор пат зеде учество на Меѓународниот турнир “Сребрено Језеро” во Велико Градиште, Србија. На турнирот кој траеше два дена, односно 8 и 9 јуни, боите на клубот ги бранеа 17 натпреварувачи.

Прилепчани се враќаат во Македонија со уште еден голем меѓународен успех, односно 17 медали од исто толку натпреварувачи.

Следниот подвиг на клубот ќе биде Меѓународниот џудо турнир во Струга кој ќе се одржи на 22 јуни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.