Спомен обележјата во Прилеп на Александар Македонски, Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски- Питу, Пере Тошев, Методија Шаторов – Шарло, Ѓорче Петров, Блаже Конески, Круме Кепески, Марко Цепенков, участакот, споменикот “Прилепски бранители” и “Карпалак”, денеска осамнаа со црвено-жолта боја.
Македонските знамиња кои беа поставени ја симболизираа почитта на прилепчани за нивното дело и нивната борба за Македонија.
Градот херој памети и вечно ќе се сеќава на сите оние кои со живот, борба и творење ја граделе и бранеле оваа држава.
А.Г.