Специјална едиција со копии од документи по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Република Македонија – „8 Септември“, Државниот архив публикува серија копии од репрезентативни документи од македонското културно наследство.

1

 

– Од богатата ризница на архивски материјал избрани се: фрагмент од Евангелието на Лука од 12. век, Решението за прогласување на Илинден – 2 август за народен празник на Македонија од 1944 г., Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во Македонија од 1944 г., Законот за името на Народната Република Македонија од 1946 г. и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава од 1991 година, соопшти денеска Државиот архив на РМ.

Ексклузивната серија, изработена на „фабијано“ хартија, е прва едиција од овој вид наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, се вели во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.