Денеска во ОУ „Кочо Рацин“ беше одржано предавање на тема „Семејството и правата на детето како клучен фактор во обрзаованието“. Предавањето имаше цел да дадеме придонес во процесот на образованието на децата и зголемувањето на нивото на знаења на наставниот кадар кој игра значајна секундарна улога во воспитно-образовниот процес. На предавањето стана збор и за традиционалниот брак кој повеќе не уживал монопол, туку добива конкуренција во новите форми на заедници на живот (поради кои се појавуваат нови модели на семејства ), вонбрачни, монородителски, рекомпонирани и др. Настанот беше посетен од страна на градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски кои, освен што ги поздравија присутните, посочија дека општина Прилеп секогаш дава поддршка на образованието и правилното воспитување на децата. На настанот беа присутнии наставници од другите основни училишта од градот.