Пред два дена, Македонскиот претседател на покана на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган присусвуваше на отварањето на третиот мост преку Босфорот, „Султан Селим“, кој е најширок во светот. На средбата која подоцна ја имаа двајцата претседатели било разговарано за безбедноста и соработката помеѓу двете земји.
Зајакнување на соработката со безбедносните служби во борбата против глобалниот, но и регионалниот тероризам, заеднички одговор на мигрантската криза, засилена билатерална и економска соработка меѓу Македонија и Турција, било договорено на работната средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со неговиот домаќин, турскиот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.
Претседателите размениле и информации за актуелните политички и економски состојби во двете земји, при што Иванов ја истакнал поддршката на нормализацијата на состојбите во Турција. Тој порачал дека политичките цели треба да се постигнуваат единствено со дијалог и во согласност со волјата на граѓаните на избори.
Иванов изразил жалење и за серијата терористички напади во Турција, додека Ердоган упатил сочувство за настраданите во поплавите во Скопско.
Македонскиот претседател денеска со повеќе државници од регионот и од Блискиот Исток, ќе присуствува на отворањето на третиот мега мост на Босфорскиот теснец, што ги поврзува Европа и Азија, турска инвестиција од 4,5 милијарди евра.