Синоќа со настапот на балканската мега ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, заврши овогодинешното издание на манифестацијата “Tиквешки гроздобер 2018”.
На градскиот плоштад во Кавадарци се случуваше вистински спектакл. На познатите хитови од српската пејачка се забавуваа илјадници посетители, кои уживаа во вкусната храна и светски познатите вински вкусови.
Организаторите се погрижија се да се одвива во најдобар ред, а за крајот приредија и прекрасен огномет.
Во продолжение уживајте во дел од синоќешната атмосфера: