Откако го направија Куманово најзагаден и најнечист град во Европа , функционерите од СДСМ најдоа средства и механизација да го исчистат Арачиново од непроодните патишта. И додека неговите сограѓани ја запоседнаа кумановската болница, поточно ортопедското одделение од повредите предизвикани од неисчистените улици, секретарот на СДСМ одлучил дека приоритет му се жителите на Арачиново, каде што во чиста национална средина СДСМ победи со повеќе од 2000 гласови разлика.
Дали дискутирале за двојазичноста, промената на знамето, химната на штета на македонскиот народ?Спасовски не сакал да даде изјава.