Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со здруженијата на лица со инвалидност од град Прилеп при што имаше можност да ги информира за проектите кои се наменети за нив во новата програма на партијата.
Тој напомена неколку од нив кои треба да се реализираат како зголемување на постојана парична помош за 50%, зголемување на парична помош за квадриплегија за 25,% , зголемување на парична помош за потполно глуви лица за 21,5%, воведување на правото на парична помош на лица без горни екстремитети, зголемување на посебен додаток за 21%, воведување на право на надоместок на плата за скратено работно време за родителите на лицата со попреченост над 26 години, зголемување на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични заболувања за 25%, грант за самовработување на лица со инвалидност, вработување на лица со инвалидност како отворањето на дневни центри.
Спасов на средбата истакна дека лицата со инвалидност од секогаш претставувале приоритет и дека и досега се спроведени бројни проекти кои го олеснуваат нивниот живот и интеграција како зголемување на правото на помош и нега од друго лице, вработувањето на 300 лица во јавната администрација, воведување на право на слепило и мобилност и отворањето на дневни центри.
Присутните изразија надеж и барање до Спасов да продолжи заедничката соработка и разбирање.
Во рамки на посетата на Прилеп Спасов ќе оствари средби со граѓани од населбите Мажучиште, Варош и селото Беровци.