Спасовски: Граѓаните можеа да почекаат една недела да не одат во Србија за да се вакциниpaaт

Додека бројот на новозаразени од коронавирус секојдневно рапидно расте, а Македонија е рекордеr по број на починати од ден на ден, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека граѓаните наместо да си го бараат спасот надвор и да се вакцинираат во Србија, можеле да почекаат вакцинацијата да започне во Македонија.

Во вчерашното гостување во радиото “Канал 77”, одговарајќи на новинарското прашање како претставник од власта, за тоа “дали му е непријатно или срамота што се случуваше со тие гужви, кога државата не може да ви обезбеди нешто, тогаш тоа си го барате во друга држава, на тој начин го уривате идентитетот на една држава“, Спасовски одговори:

„Тоа е право на личен на граѓаните. Сега почна вакцинацијата и кај нас и јас не знам после година дена справување со корона кризата, после година дена со спроведување на сите мерки, дека било кој од нас не можел да почека една недела за да биде вакцинирани овде, а да започне вакцинацијата“-рече Спасовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.