Спасен убавиот пелагониски манастир: Ова се луѓето кои ја добија битката со огнените јазици (ФОТО/ВИДЕО)

Во справувањето со пожарите во Општина Новаци, синоќа најдраматична беше ситуацијата околу селото Паралово и преубавиот манастир Св. Ѓорѓи.

Се бараше помош од сите страни, потребни беа багери, механизација и што повеќе доброволци.

Конечно попладнево одекна информацијата дека светилиштето е спасено, а во локализирањето на пожарот учество зеле и доброволците од противпожарното друштво “Архангел”.

-Манастирот Св. ЃОРЃИЈА ПАРАЛОВО е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД АРХАНГЕЛ. Селото ПАРАЛОВО е спасено од Пожарникарите на станицата Тппе Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски, фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав.
СЛАВА НА БОГА ЗА ВЕТЕРОТ КОЈ ПРАТЕШЕ НА ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ ПО МОЛИТВИТЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СВ. ЃОРГИЈА И СИТЕ КОИ СЕ МОЛЕВТЕ И БЕВТЕ СО НАС ВО МИСЛИТE
– напиша на ФБ еден од доброволците во гасењето на пожарот, Игор Петковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.