Со 8,3% рејтинг според последните анкети, кандидатската листа за советници на движењето “Одлучно за промени” на ЛДП и ДОМ, е со сигурност трета политичка сила во Прилеп на овие локални избори.
Листата е предводена од Јане Станкоски ја сочинуваат луѓе истакнати во областа во која работат и почитувани во средината во која живеат.
Дека движењето ужива добра доверба кај прилепчани, доказ е и минатонеделниот митинг во центарот на градот, каде овие две партии го наполнија плоштадот “Александрија”.
Лидерот на ЛДП, Горан Милевски, истакна дека движењето “Одлучно за промени” веќе има еден советник, а ќе успеат да освојат и втор и трет советник.
Овие две партии предложија и кандидат за градоначалник и настапуваат одделно од владеачката СДСМ на овие избори.
За кандидат за градоначалник ЛДП и ДОМ го предложија стопанственикот Славе Петрески, кој пак ужива доверба од 4,8% од граѓаните.