Со 43 години има тело како девојка: Таа ги доведува познатите во ТОП ФОРМА, а сега ја открива својата тајна! Слободно јадете чипс и чоколадо! (ФОТО+ВИДЕО)
Трејси Андерсон е експерт за фитнес која ги доведува во форма славните личности.
Вели дека здравата исхрана и фитнесот се рутина и клуч за добриот изглед.
Таа работи со Мадона, Ким Кардашијан и други познати дами во светот на шоу бизнисот.
“Си пакувам и си носам здрави оброци со себе, па така никогаш не сум јадела некое ѓубре пред мене дури и да сум гладна”, вели таа. Кога ќе ја припреми својата ќерка наутро, таа медитира, а својот ден го започнува со кафе и млеко. За доручек јади сендвич со јајце, кој го прави со сирење и англиски мафини.
“Не сум фан на овошјето и никогаш нема да јадам суши – паразитите ме излудуваат”, вели 43-годишната Трејси.
“Порција со начоси со чипс без глутен, пржен грав, павлака, исецкано сирење, домати, лук и пилешко. Омилен оброк за вечера ми е салата, месо и компири, а сакам и лосос со шкампи”, додава таа.
Јајца, чоколадо и млеко мора да има во секое доба во фрижедерот, затоа што, како што тврди, тоа се главни намирници во исхраната.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.