Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор. Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106 501 евро, јави „360 степени“.
Неговата жалба, како што пишува порталот, била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.
Гаранцијата над 11 милиони евра, се состои и во недвижен и во подвижен имот.
Мијалков треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање на хипотеката на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.