Фудбалерите на Победа ги продолжуваат подготовките за пролетниот дел на првенството во Втората лига-Исток. Екипата продолжува со по два тренинзи дневно-претпладне на теренот со вештачка трева, а попладне во салата на ДГС Партизан.
На подготовките се приклучи и повратникот во црвено-белиот дрес – искусниот дефанзивец Денис Димитриоски, а во матичниот клуб се враќаат Теофан Илијески-Кисески, Михо Андреески и Петар Симоноски.
Досега договорени се 4 пријателски натпревари:на 5 февруари со Тиквеш во Прилеп, на 8-ми со Слога Виница, на 10-ти со Лабуниште во Охрид и на 12-тти февруари со Кожуф во Прилеп.
Клубот е во преговори за ангажирање на уште 2-3 засилувања – информираат од ФК Победа.