По седумнаесетти пат крушевчани, вчера со рози ги пречекаа маратонците што од Нова Градишка трчаа до Крушево, во чест на Тоше Проески.
Крушевчани ги пречекаат маратонците со црвени рози и многу сеќавања. Пред 17 години, на 16 октомври 2007 година, Тоше го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи кај Нова Градишка, Хрватска.
Фановите и бројните почитувачи на делото на Тоше и овојпат беа на Гумење. Ги имаше од Македонија и од други земји, а го посетија и спомен домот на нашиот никогаш непрежален ангел.
Како изгледаше Крушево, најдобро ќе видите од видеото на “Фан продукција” на Зоран Пилоски во продолжение: