Во просториите на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп, денеска се одржа најавениот хуманитарен настан под мотото “За прерано родените деца”.
-Во организација на Данче Оклеска, мајка која на себе почувствувала како е да се биде мајка на прерано родено дете, а во соработка со други мајки, денескаa имавме прилика да видиме една друга несебична, искрена, човечна слика на младоста која тежи кон здраво семејство и неговите вредности.
Нашата болница несебично се вклучи во организацијата, а одзивот на оние кои даруваа беше многу голем и од персоналот и од целиот град. Сплотеност, еднаквост и насмевки видовме на лицата на секој кој влезе денес!
Средствата собрани денес ќе бидат наменети за неонатолошко одделение за купување на апаратура која би им била од корист во работењето. Покрај паричните средства имаше и други донации како детски постелнини, јорганчиња, козметички производи и сл.
Дел детска облека беше поделена на новородените деца. Голема благодарност од одделението за неонатологија и раководството на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност до младите мајки и до сите кои денес донираа – напишаа од прилепската болница.