Со филмска музика и филмски кадри, општина Прилеп која уште денеска ја предводи градоначалникот Илија Јованоски од СДСМ, се пофали со асфалтирана улица во должина од цели 400 метри.
-На потегот од новиот мост на Градска река до спојот со улицата „Александар Македонски“, покрај новиот асфалт во должина од 400 и широчина од 7 метри, од двете страни на улицата изградени се велосипедски и пешачки патеки со широчина од 2 метра – стои во објавата на веб страната на општина Прилеп.
Видеото е повеќе од бомбастично, а со вакви филмски финти актуелната општинска власт се служеше цели 4 години.
На новореализираниот “проект” веднаш реагираа од најголемата вело иницијатива “Прилеп на точак” од каде напишаа:
-Како ќе легнеа вело-патеки на свежо реконструираната улица која е директно поврзана со мостот кој има вело-патеки од двете страни, ама ништо. Најверојатно има некој грешка во проектот (исто како рекреативната патека до Прилепско езеро) и велосипедските патеки се заборавени. И така мостот си остана со велосипедски патеки кои водат ОД и ДО никаде. Коловозот предимензиониран без никаква хоризонтална и вертикална сигнализација, која е темел на безбедноста на сообраќајот. Но битното се гради.Се надеваме дека во иднина ваквиот автоцентричен пристап кон инфраструктурата ќе биде променет.
Граѓаните на 17. октомври најдобро кажаа што мислат за “проектите” на локалната власт во заминување, чија работа ја оценија со пораз од 7.500 гласа разлика.