Жителите на едно село во Шкотска стојат покрај улица во флуросцентни елеци и фен за коса, па возачите забавуваат мислејќи дека ги чека полицаец со радар.
Мештаните ги земале работите во свои раце и во жолто-зелени елеци какви што користат полицајците, стојат покрај патот, држејќи фен за коса, кој од далеку изгледа како рачен полициски радар за мерење брзина.
Ова не е прв пат некој да се сети на ваквo нешто, истиот трик е користен и во Англија, Флорида, Полска, каде некој покрај патот поставил кукла слична на полицаец, во чија рака бил фен за коса.