Екипата на Победа вчера со првата прозивка и првиот тренинг и официјално ФК Победа ги започна подготовките за новата сезона во првенството на Втората лига-Исток. На прозивката и тренингот присутни беа 29 фудбалери.
Од ланскиот состав за новата сезона не се на располагање Благојче Дамевски, кој ја заврши играчката кариера, и двајцата кои го напуштија клубот Дарко Грозданоски (истече 6-месечниот договор) и Христијан Каралиоски. Од првиот ден со екипата се 3-цата “новајлии“: Бојан Спиркоски, Дарко Дигаловски и Игор Момировски, а со првиот тим приклучени се и неколку играчи од младинската школа.
Во продолжение официјалното соопштение од клубот:
“Почнувајќи од денеска играчите ќе ги реализираат вообичаените лекарски прегледи, а се очекува во следниве денови екипата дополнително да биде засилена со уште 1-2 нови играчи.
Претседателот Емил Јанески и Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески им посакаа на фудбалерите добро здравје, но и се потенцираше дека со самиот факт дека екипата ќе игра на Градскиот стадион “Гоце Делчев“, а ќе биде на повисоко квалитативно ниво амбициите се атак на првото место, и пласман на Победа онаму каде и е местото-во Првата лига.
Јанески истакна стави до знаење на сите останати второлигаши дека Победа ја интересира само 1-то место и се работи на заокружување на потребниот буџет.
Во тој контекст радува интересот на прилепските стопански субјекти за финансиска помош на клубот преку појавување на интерес за поставување на реклами на стадионот со што ќе придонесат прилепската гордост да има стабилна финансиска конструкција, а и самиот објект би добил далеку поубав лик. Секој поединец и компанија е добредојдена за помош на клубот, секој во свој домен и во рамките на своите можности а секоја помош е добредојдена и секој може да се пронајде во овој концепт.
На прозивката беа присутни: Котевски, Столевски, Маркоски, Аљакоски(голмани), Бошески, Димитријески, Петкоски, Петроски, Стомнароски, Дунимаглоски, Ангелески, Јошески, Митрески, Неделков, Ф. Спиркоски, С.Спиркоски, Кисески-Илијоски, Најдов, Белески, Дебрешлиоски, Дигаловски, Б.Спиркоски, Момироски, Поп-Антоски, Јосифоски, Јакопетрески, Тодороски, Тасески.Оправдано отсутен беше само Алимоски, кој ќе се приклучи на утрешниот тренинг”.