Ладно предјадење по рецептот на Марта Стјуард.
“Ѓаволските јајца” за прв пат се служеле како мезе во антички Рим и оттогаш станале “неопходни” на секоја гозба. Вака полнетите јајца се зачинети, па можете да додадете лути пиперки или некој друг зачин кој ќе го засили вкусот.
Според рецептот на познатите американски готвачки Џулија Чајлд и Марта Стјуарт, постои тајна состојка поради која полнетите јајца ќе бидат повкусни, а тоа е путерот.
Потоа можете да додадете пржена сланина, кисели краставички или некоја состојка по ваш избор.
Потребни состојки: варени јајца, два лажици путер, сенф.
Подготовка: cварете ги јајцата и пресечете ги на половина, извадете ги жолчките и оставете ги половините настрана. Во блендер измешајте ги жолчките, путерот и сенфот. Истурете во шприц за колачиња и користете го за да ја наполните шуплината на белката.