Со стапка од 15 отсто ќе се оданочуваат и каматите на заштедите над 15.000 денари

Данок на доход со стапка од 15 отсто граѓаните ќе плаќаат на дивидендите, на каматите од депозитите, на каматите од заеми на физички и правни лица, на каматите од хартии од вредност и друг доход од хартии од вредност.

Ова е предвидено во нацрт-предлогот на новиот Закон за данокот на личен доход, кој завчера го најави министерот Драган Тевдовски со чие донесување треба да стартува даночната реформа – пренесува порталот “Сакам Да Кажам”.

Според објаснувањето на Министерството за финансии, данокот на камата од заштеди ќе почне да наплаќа од 2020 година, а останатите даноци ќе се наплаќаат веќе од 1 јануари 2019 година.

Во објаснувањето за потребата од промена на даночниот систем Министерството забележува дека доходот од камати на орочените депозити се плаќа во сите земји на ЕУ, со исклучок на Естонија. Од регионот, единствено Република Српска не ги оданочува каматите.

За камати од депозити, во кој влегуваат трансакциски депозити, штедни депозити и други депозити, како и на каматите од хартии од вредност граѓаните ќе плаќаат данок на доход по стапка од 15 отсто, ако износот на пресметаната камата на годишно ниво надминува 15.000 денари во противвредност од валутата на депозитот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.