Со скалпел со денови ограбувал спортски облажувалници

Во Скопје вчера во 18.30 часот во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (36) од Тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел.

Како што денеска соопштија од МВР, при преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.