Со СДСМ јазикот на pecпиратор, името во koма?

Македонија доби нов студен туш од Брисел, по се изгледа бугарското вето станува реалност. Во Декларацијата на Самитот за Западен Балкан која беше усвоена, лидерите на Европската унија ја повикуваат нашата држава да ги реши билатералните прашања, а експлицитно се споменува и договорот со Бугарија. За европските челници сега тој стана исто важен како и Договорот од Преспа.

Токму нашиот источен сосед е најновата пречка на Македонија на евронтегративниот пат. Сега услов стана откажување од македонскиот јазик и македонското малцинство, како и голем дел од нашата историја.

Дека договор со Бугарија за историските прашања е клучен за напредокот кон ЕУ, стои и во ставот 9 од Декларацијата на Самитот во Загреб.

-ЕУ целосно го поддржува залогот на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ. Спроведувањето билатерални договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, останува важно во овој поглед.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов имаше прес-конференција за самитот во Загреб на која најави вето ако Македонија не го исполни договорот. Според Борисов, сите земји го поддржале, односно дека исполнувањето на договорот е дел од заклучокот на ЕУ.

Ако се навратиме неколку дена наназад, во едно интервју, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не убедуваше дека Бугарија го признала македонскиот јазик, а за Гоце Делчев ќе сме нашле решение.

-Македонскиот јазик е составен дел од Договорот за добрососедство со Бугарија не само зашто стои македонскиот јазик согласно Устав и бугарски јазик согласно Устав. Тој е со македонски текст потпишан од мене и од премиерот Борисов.

Втора работа, ако разговарате со нив нема дилеми за ова прашање. Прашањето е кога некој од внатре го отвора прашањето заради едностраната изјава која што Бугарија ја дава која што е неусловен дел за нашиот датум за преговори, чиста е одлуката,Советот на министри ја потврди на 24-ти без било каков услов, на 26-ти и 27-ми Европскиот совет ја повтори без било каков услов, таму беше и Бугарија која гласаше за таа работа, истакна Заев.

Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто на Алсат ТВ, рече дека не ни треба ЕУ по цена да не бидеме македонци и доколку бугарија го негира македонскиот јазик.

-Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ“, вели Пендаровски во интервјуто, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, со кои беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, рече Пендаровски.

Државниот врв во Македонија тврдеше дека договорот со Бугарија е билатерално прашање, но како стојат работите македонските власти се подготвени да направат отстапки. Оттука прашуваме, дали Заев и Пендаровски се подготвени да направат отстапки за најважните македонски прашања и да ги задоволат апетитите на Бугарија?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.