Талентираната прилепчанка Александра Трајческа (19) е победничката во втората сезона на оналјн-талент шоуто „Заблескај“, кое е во оригинален мултимедијален проект на компанијата “Колор Медиа Плус“ и магазинот “Убавина и Здравје“ поддржан од ОРБИТ.
Александра успеа да ги освои максималните бодови од жирикомисијата составени од членовите: Композиторот Николче Мицевски, пејачката Александра Јанева, естрадниот новинар Антонио Димитриевски и модната дизајнерка Маја Кикириткова.
Вкупно во финалето се натпреваруваа 12 кандидати, но само Александра со својата изведба на џез-нумерата „Orange Colored Sky“ брилијираше и заслужено го освои првото место.
Одлични беа и останатите натпреварувачи, но за жал мора да победи само еден…
Инаку Александра како главна награда освои 1.000 евра и договор со пиар и букинг менаџер во времетраење од една година.
Погледнете го како изгледаше финалето од втората сезона на музичкото онлајн талент шоу „Заблескај“. Настапот на Александра е од 36-та минута.