Со свечена академија Педагошкиот факултет во Битола денеска одбележа 30 години постоење (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На Педагошкиот факултет во Битола денес се одржа Свечена академија по повод јубилејот 30 години од основањето на Педагошкиот факултет, а воедно се одбележа и Светскиот ден на учителот.

Пред голем број присутни професори, студенти и гости, се обрати ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, деканката проф. д-р Данче Сивакова Нешковски како и дел од професорите на Педагошкиот факултет.

На денешната свечена академија беше истакнато дека Педагошкиот факултет придонесува не само за развојот на образованието, туку и за целокупниот општествен напредок на Пелагонискиот регион.

По повод Светскиот ден на учителот, говорниците истакнаа дека во центарот на секој образовен процес стои учителот, а учителската професија е една од најодговорните и највредните професии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.