Kaпитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, неодамна наполни 40 години и е на залезот од неговата блескава кариера
Видеото во продолжение е од почетоците на неговата ракометна кариера кога Лазаров настапувал за РК Пелистер.
Се работи за натпревар помеѓу Пелистер и Ковопетрол Плзен од 16-финалето на Лигата на шампиони во сезоната 1998/99 година, каде Кире постигнал 11 погодоци.
На само 18-годишна возраст веќе се знаело дека тој е голем играч на кого му претстои иднина.
Погледнете во продолжение: