Со професионализам полека кон врвот: Македонската машина од Прилеп на спаринг во Тирана, се збира искуство за следни предизвици (Фото)

Во петокот и саботата во Арена Бокс клубот во Тирана, се одржа заеднички тренинг и спаринг тренинг на нашиот боксер Трајче Илиоски со професионалните боксери од истиот клуб.

“Овој клуб го избравме бидејќи располага со добри и успешни професионални боксери. Целта е за збогатување на искуството и градење на успешна професионалната кариера на Трајче Илиоски”, вели тренерот од БК “AC” од Прилеп, Дарко Чатлески.

“Нашиот тим е задоволен од изработениот тренинг и спаринг борбата на нашиот боксер. Иден план ни е да направиме уште еден спаринг до првата профи борба. Во преговори сме првата деби борба да биде на крајот на ноември или почетокот на декември во Тирана”, додава Чатлески.

Инаку, неодамна младиот и талентиран боксер на боксерскиот клуб “АC” од Прилеп, Трајче Илиоски, потпиша професионален договор со својот тренер Дарко Чатлески и aвстралиската промотерска куќа “DragonFire” и менаџерот Тони Тољ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.