Сите знаеме за негативното дејство кое цигарите и никотинот го имаат на нашиот организам.
Ако сте прекинале со пушењето или сеуште пушите, најлесен начин да го исчистите телото од никотин е да ги конзумирате овие свежи и вкусни намирници.
–Зелен чај и витаминска вода
Со пушењето телото ја губи потребна течност и организмот доаѓа брзо до состојба на дехидрација.
Со пиењето на големо количество на вода или зелен чај, го чистите телото од никотин.
–Киви и лимон
Освен водата, пушењето го испразнува организмот и од витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разни инфекции и бактерии.
За да ги надохнадете изгубените витамини треба да јадете киви и секое утро треба да пиете по една чаша лимонада.
–Брокула
Брокулите со богати со витамините Ц и Б5, кои забрзано се губат со пушењето.
– Свеж морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа ужасна нуспојава на пушењето, јадете што повеќе моркови.
–Сок од портокал
Овој освежувачки напиток му ги дава потребните витамни на телото и го чисти од никотин.
Исцедете два портокали, додадете малку вода и испијте го овој напиток меѓу два оброци.
Ф.Г.