“Со полициска асистенција обид да се избркаат пазарџиите за кои Советот даде АМИН!?” (ФОТО)

Вчера утрото на просторот пред новата катна гаража, каде со одлука на ЈКП “Пазари” – Прилеп, а со “амин” на Советот на општина Прилеп, беа сместени пазарџиите кои продаваат земјоделски производи од камиони, имало интервенција на полицијата.

Како што неофицијално дознаваме, со полициска асистенција биле отстранувани дел од пазарџиите?!

На просторот наводно остануваат само оние пазарџии кои се сместени на самиот паркинг простор и тие кои ги имаат подмирено давачките кон општината до 15 јуни.

Инаку, за состојбата која владее на овој простор минатата недела реагираа повеќе пазарџии и дуќанџии. Општината иако добро наплаќа од овие луѓе, нема обезбедено елементарни услови за одржување пред се на лична хигиена.

Не постојат тоалети, па продавачите немаат и соодветно место за извршување на физиолошки потреби.

Со Одлука на ЈКП “Пазари” – Прилеп од 24.02.2018 година беше утврдена висока закупнина за пазарџиите со камиони, па така за прва категорија се предвидува закупнина од 10.000 денари месечно, а за втора категорија 7.000 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.