Со погодок во последните 3 секунди РК Скопје по втор пат го преслуша РК Прилеп сезонава: Будимир – Таста 2:1

Екипата на РК Прилеп предводена од тренерот Горан Кузманоски-Таста го доживеа вториот пораз сезонава од екипата на РК Скопје која ја предводи Андријана Будимир.

Во Прилеп победи Скопје, во Скопје победи Прилеп, а сега скопјани се радуваа и на домашен терен во рамки на плеј-аут разигрувањето за опстанок во Супер лигата.

Со погодок во последните секунди, РК Скопје триумфираше со 23:22 во салата “Борис Трајковски”, каде во текот на целиот натпревар се водеше израмнета битка.

Ова беше прв меч на Прилеп во плеј-аутот од Супер лигата, а следниот ќе го има на 3 април дома со скопски Пролет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.