Со отворањето на изложбата на новосоздадени дела синоќа (сабота) во изложбениот салон заврши деветтата колонија Дрен што ја организираше Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, од Прилеп од 17 до 24 јули. Уметнците од Прилеп, Македонија, од Србија и од Русија создадоа дела кои ќе останат во трајно наследство на Центарот и на Прилеп..
Уметниците ( Мирна Арсовска, Верче Николоска, Билјана Бинчев, Јошкин Шилјан, Мирослав Живковиќ, Снежана Манасиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Рада Тихановскаја, Јасмина Рунеска, Ангел Миов, Силвија Шосева, Васил Костов, Емил Солески, Виолета Димеска, Марјан Стојаноски,Тони Чатлески)….. дружејќи и разменувајќи искуства создадоа креативни дела во повеќе уметности, кои освен прилепските љубители на ликовната ументост ќе можат да ги проследат и во другите градови.
Директорот на Центарот Тони Чатлески на отворањето на изложбата посочи дека ова искуство ќе придонесе да се создаде една од најдобрите колонии не само во Македонија туку и на Балканот и дека Прилеп ќе стане центар на ликовната уметност.
Колонијата Дрен беше во рамките на Прилепското културно лето.