Со освоени 60 медали, прилепскиот карате клуб “Феникс” убедливо најдобар на интернационалниот турнир „Фунакоши Опен“ (ФОТО)

Новата натпреварувачка сезона за карате клубот „Феникс“ од Прилеп започна онака како што беше завршена и претходната – со нов голем успех и освојување на првото место.

На 7 март, во Кисела Вода, се одржа интернационалниот карате турнир „Фунакоши Опен“, на кој учество зедоа повеќе од 500 натпреварувачи од Македонија, Албанија и Србија. Во силна конкуренција, карате клуб „Феникс“ оствари најдобар вкупен пласман и убедливо го освои првото место на турнирот.

Натпреварувачите на клубот имаа извонреден настап, освојувајќи повеќе од 60 медали во различни категории, што е уште една потврда за квалитетната работа, талентот и посветеноста на каратистите и тренерскиот тим.

Со овој успех, „Феникс“ уште еднаш покажа дека е еден од најуспешните карате клубови и дека и во новата година продолжува со врвни резултати на домашната и меѓународната сцена. 🏆🥋




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.